Бугарскиот претседател Румен Радев се самоизолира откако шефот на неговиот кабинет Димитар Стојанов бил позитивен на коронавирус.

Стојанов бил на одмор од 26 октомври, а неговиот последен контакт со вработените во претседателската администрација се случил три дена порано. Радев, чија улога на претседател е главно церемонијална, и вработените кои биле во контакт со Стојанов треба да ги извршуваат своите должности од далечина, додека се наоѓаат во карантин.

Премиерот Бојко Борисов и гувернерот на Централната банка, Димитар Радев, исто се во карантин по позитивниот тест за вирусот.

Од 29 октомври, Бугарија ги затвори универзитетите, средните училишта и ноќните клубови на две недели. Нов дневен рекорд на 2 760 инфекции беше пријавен на 29 октомври. Досега повеќе од 45 000 Бугари биле позитивни на тестот, а скоро 1 200 починале.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO