ʺНе правиме самоцелни потези, но немаме доволно гаранции, дека Северна Македонија ќе ги исполни своите ангажмани согласно договорот за пријателство со Бугарија. Вклучитено слушаме изјави на основни опозициски сили, вклучително на ВМРО-ДПМНЕ, која вели дека ќе ги ревидира договорите. Бугарската влада има релативно добра работна атмосфера со премиерот Зоран Заев и со неговиот кабинет. Меѓутоа, немаме гаранции дека оваа добронамереност ќе биде продолжена во следната влада на Северна Македонија. Држиме на тоа, да ги гарантираме односите меѓу двете земји уште од сега, за да не завршиме во Европската унија заедно со земја која не е добронамерна кон Бугарија “. Ова го изјави заменик-претседателот на групата за присоединување на Северна Македонија во ЕУ и пратеник од ГЕРБ, Тома Биков во програмата ʺСлободна зона со Георги Коритаров“ на ТВ Европа.

ʺНие немаме желба да се мешаме во внатрешната политика на Северна Македонија. За жал, има моменти кога Бугарија од соседна земја се претвора директно во непријател. Во моментов во тек е антибугарска кампања во Северна Македонија, која е неприфатлива. Не може на тој начин да се очекува двете земји да се заедно еден сојуз во кој државите се должни да немаат такви конфликти. Во моментов, ние се стремиме не само да имаме заедничко минато, туку и заедничка иднина што е прифатлива и за двете земји. Со сигурност, тоа изискува  многу  по-добронамерна позиција и од двете држави. Нашата влада изразува позиција, кој е прифатена од сите парламентарни сили. За тоа имаме консензус. Ако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека ако не е Бојко Борисов, ќе дојде друг премиер, кој ќе води некоја друга, радикално различна политика, си прави илузии. Наместо тоа, работите може да се влошат, бидејќи во последните години Бојко Борисов прв го отвори прашањето за членство на Северна Македонија во Европската унија “, кажа уште Биков.

ʺГаранциите се нешто многу условно. Тие можат да бидат поднесени во моментов, но да бидат повлечени. Ние сакаме да видиме некакви конкретни чекори од страна на нашиот западен сосед. Последните 2-3 години, Северна Македонија не го исполнува договорот со Бугарија и немаме основа да веруваме дека ветувањата сами по себе се доволни. Го велам целосно добронамерно, затоа што, најмалку нашата земја не сака да ги разруши границите меѓу нас. ВМРО-ДПМНЕ треба да осознае дека во моментов Северна Македонија не е во процес на интеграција кон Југославија,  а кон Европската унија. Тезите што доаѓаат од опозицијата не и помагаат на нивната земја. Мислам дека има шанса да се постигне договор. Откако се водат преговори, означува, дека ништо не завршило, но имаме разлики. Христијан Мицкоски очигледно трупа поддршка во внатрешната политичка дебата во Северна Македонија. Не знам и до кој степен има консензус во ВМРО-ДПМНЕ за овие прашања “, коментира пратеникот од ГЕРБ.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO