Фото: Роjтерс

Руските власти регистрираа нов рекорд на смртните случаи од коронавирус од почетокот на пандемијата – 346 лица за едно деноноќие. Новозаразените лица во последните 24 часа е 16.202.Од денес, носењето маски на јавни места е задолжително на територијата на целата земја.

На денешната владина седница претседателот Владимир Путин го насочи вниманието на министрите кон, како што рече, загрижувачката состојба во некои региони во земјата. Лекари од регионот Курган се обратија до шефот на државата за помош, изјавувајќи дека локалниот здравствен систем е во колапс.

Се наложи министерството за одбрана итно да испрати воени лекари во регионот. Болниците во градот Омск одбија да примат двајца пациенти со Ковид-19 во сериозна состојба поради немање места во инфективните одделенија. Во очај, возачите на брза помош паркираа со вклучени сирени пред регионалното министерство за здравство. На крајот, пациентите беа хоспитализирани, а гувернерот на регионот Омск отпушти еден од замениците министри за здравство

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO