До моментов, Бугарија не е во можност да ја одобри преговарачката рамка за Република Северна Македонија во овој вид во кој се претставува, изјави вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева како одговор на прашање пред новинарите пред нејзиното учество на заседанието на парламентарната комисија за надворешна политика.

Таа потсети дека на 10 ноември претстои заседание на Советот за ʺЗаеднички прашањаʺ на кое треба да се одобри преговарачката рамка.

Захариева посочи дека Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година ги има сите гаранции, се додека тој се спроведува со добра волја од двете страни, но за жал, нашата проценка е дека тоа не е така. Таа истакна дека, и покрај многуте шпекулации во печатот во Република Северна Македонија, ниту сме сакале промена на уставот, ниту нашите претензии се нови, ниту сме го оспорувале правото на самоопределување. Проблемот е што договорот не се исполнува со добра волја според нас, кажа министерот.

Захариева кажа дека екипите на министерствата за надворешни работи на Бугарија и Република Северна Македонија се во секојдневни интензивни преговори во обид да се решат конфликтните прашања, за да можеме да гледаме повеќе напред. Имаме време, но тоа е исклучително кратко, додаде таа.

Како што ние ја признаваме реалноста, така и тие мора да го признаат минатото, изјави министерот за надворешни работи наБугарија.

 

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO