До вчера од направени 737 тестирања, регистрирани се 247 нови случаи на заразени со Ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

Од нив 116 се регистрирани во Скопје, во Прилеп 23, Охрид -14, Струга и Штип по 12, по 10 во Тетово и Гостивар, Битола 8, Велес 7, Струмица и Кичево по 6, Пробиштип 5, Куманово 4, по три случаи во Кочани, и Крива Паланка, по два во Кавадарци, Радовиш и Ресен и по еден случај во Демир Хисар и Македонски Брод.

Починати се 15 лица, двајца пациенти од Скопје (73 и 78г), еден од Куманово (68г), тројца пациенти од Тетово (60, 70 и 77г), двајца од Струга (73 и 75г), еден од Велес (58г), еден од Охрид (69г), еден од Кавадарци (71г), еден од Гостивар (71г), еден пациент од Гевгелија (76г) и двајца пациенти од Кочани (49 и 68г). Сите пациенти се починати во болнички услови

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 321 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 235.775 тестирања на ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 27199, бројката на оздравени пациенти е 18948, на починати е 934, а бројот на активни случаи изнесува 7317.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO