Фото: Роjтерс

Министерот за здравство на Косово Арменд Земај изјави дека надлежните власти во државата ги разгледуваат сите опции за соочување со новиот бран на пандемијата на Ковид-19, вклучително и враќањето на порестриктивните мерки кои беа во сила во одреден период од соочувањето со заразата.

Земај рече во интервју за порталот „Арбреш.инфо“ дека меѓу мерките кои се разгледуваат поради зголемениот број на заразени од новиот коронавирус се затворањето на границите и ограничувањето на движењето во местата кои се најпогодени од Ковид-19

Сепак, целосното затворање на земјата, според шефот на косовското здравство, „останува како последна опција“, јави МИА од Приштина. Земај додаде дека се зависи од проценката на епидемиолошката ситуација од страна на надлежните институции.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO