Од денеска во близина на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, треба да биде отворено уште едно приемно одделение за Ковид – тестови со што ќе се забрза процедурата на земање брисеви и ќе се намалат гужвите, како и редовите на чекање.

Министерот за здравство, Венко Филипче и претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски соопштиа, дека се планира и отворање пункт за корона-тестирање во Ѓорче Петров, а до крајот на неделава ќе се знае и дали ќе може да се прават КОВИД тестови во приватните лаборатории, на сметка на Фондот за здаравствено осигурување.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO