Балканот добива нова димензија во светското спротивставување меѓу САД и Русија. Само така може да се восприеме одложената посета на претседателот на РФ Владимир Путин во Белград. И додека Кремљ ја одложува посетата на Путин во Белград, блискиот советник на американскиот претседател Ричард Гренел објави дека Трамп ʺќе го посети Белград откако ќе победи на изборите“. Посетата на Путин во Белград ќе беше втората во последните 18 месеци и трета во последните 8-9 години, но сега ќе беше натоварена со сериозна симболика, на која Србија многу држеше.

Првата димензија беше поврзана со тезата на Русија дека Западот се обидува да ја пренапишува историјата на Втората светска војна, променувајќи ги историските факти и потценувајќи ја улогата на Русија / СССР во тие настани. Затоа Путин требаше да биде во Белград за да покаже дека Србија е една од ретките земји во Европа каде се цени советскиот придонес во ослободувањето на Стариот континент од нацистичка Германија. Настрана е малку познат факт, кој српските власти не го спомнуваат, дека првите кои влегуваат во ослободениот Белград се бугарските војски, кои се избуткани напред од советското воено командување. Ловориките се оставени за советскските војски, како ослободители …

Втората димензија на неуспешната посета на Путин во Белград, требаше да има наднационална димензија, отворањето на најголемиот православен храм на Балканот-ʺСвети Саваʺ, кој со малку исклучоци, се гради повеќе од 30 години. Нашите западни соседи веруваат дека ʺСвети Саваʺ ќе ја натфрли по важност цариградската ʺСвета Софијаʺ, која турскиот претседател Ердоган ја претвори од музеј во џамија во текот на летото. Спротивставувањето на црковен план меѓу Цариградската и Москвската патријаршии, кои имаат корени во минатото и кулминираше пред две години кога патријархот Вартоломеј даде томос за создавањето на независна Украинска Православна Црква (УПЦ). Каква е врската, сепак ќе прашате со Белградската патријаршиска катедрала, нели? Во тоа, што Русија му помага на нашиот западен сосед да изгради и да и даде блескав изглед на ʺСвета Саваʺ, за сметка на 15 вековната ʺСвета Софијаʺ, за да му го натријат носот на Вселенскиот патријарх заради УПЦ и да му покажат, дека има и други центри на балканското православие.

На почетокот на 2019 година, Владимир Путин го посети Белград, каде што лично изврши увид какво врви поставувањето на мозаикот во ʺСвети Саваʺ. Спонзор на огромните мозаични панели, но и на градежните активности е руската компанија за гас ʺГаспром“. Таа донираше над 10 милиони евра за изградбата на внатрешната обвивка, руски експерти работат на место повеќе од две години за беспорно неверојатниот мозаик во ʺСвети Саваʺ. Овие два вектори на руското присуство на Србија и на Балканот требаше да ги демонстрира Владимир Путин во Белград во октомври оваа година. За да се избегне конфузната ситуација со променетата или одложена посета на претседателот Путин, во Белград на посета пристигнува министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Во Белград тој ќе пристигне од посета во Босна и Херцеговина, а таму ќе пристигне од Грција.

По средбите во Сараево, каде Лавров ќе разговара со претставници на босанското колективно претседателство. Од Сараево, Лавров ќе ја посети босанската српска автономна област- Република Српска. Негов домаќин и во Сараево и Бања Лука (престолнина на босанските Срби б.р.) ќе биде Милорад Додик, кој од скоро го презеде лидерството во колективното претседателство. Посетата на министерот Лавров во Босна и Херцеговина има важна политичка димензија затоа што таа доаѓа во светлина на 25-годишнината од крајот на најкрвавиот конфликт на Балканот за време на распадот на поранешна Југославија и постигнувањето на Дејтонскиот мировен договор. Со напорите на целата меѓународна заедница, тој конфликт беше запрен и замрзнат.

Доаѓањето на Лавров во Босна и Херцеговина има сериозна регионална димензија за иднината на земјата. Неговиот домаќин во последните 10 години, без оглед на каква позиција бил, секогаш се искажувал доста противречно за иднината на земјата. Пред некое време, Додик кажа нешто, со кое даде јасен знак што мисли за неа: ʺБосна и Херцеговина додека може. Република Српска засекогаш “. Втора порака на Додик е дека Босна и Херцеговина никогаш нема да стане членка на НАТО. Тоа е нешто за кое Москва работи многу откако ги испушти Црна Гора и Северна Македонија да влезат во Алијансата.

Пред неколку дена рускиот премиер Мишустин потпиша решение за отворање претставништво на руското Министерство за одбрана во Белград, кое ќе има доста широки овластувања и можности во Србија, а зошто не и во регионот. Претставништвото се создава како резултат на потпишаниот договор меѓу претседателите Владимир Путин и Александар Вучиќ.

Раководителот на тоа руско претставништво ќе може да решава прашања поврзани со воената и техничката област. Во последните неколку години, Србија купи или и беа подарени од Русија МиГ-29  и борбени хеликоптери Ми-17 V и Ми-35М, како и тенкови и оклопни транспортери.

И покрај тоа, Србија откажа учество во воени маневри во Западна Белорусија, ставајќи јасно до знаење дека и покрај партнерството со Русија, таа ќе продолжи со својата политика на воена неутралност. На Вучиќ му претстои сложена партија шах со Москва и Вашингтон, а како трет играч може да влезе и Пекинг, затоа што ќе го бара најдобриот резултат за својата земја.

По потпишаниот на почетокот на септември оваа година договор во Вашингтон меѓу  Белград и Приштина, Москва се почувствува изолирана од решавањето на косовското прашање. Вашингтон, во договорот за економска нормализација на односите, даде многу јасна порака за тоа каде го гледа Западен Балкан во иднина – во Западната хемисфера. Една од причините за одложување на посетата на Владимир Путин во Белград е и заради руското надразнување од Вашингтонскиот договор. Тоа ескалираше со подигрувачкиот пост на портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на адреса на српскиот претседател Александар Вучиќ, користејќи елемент од филмот ʺНиски страсти“.

Разместувањето на фигурите на балканската шаховска табла започнува со приближувањето на американските претседателски избори. Белград се повеќе кажува дека во трката помеѓу Трамп и Бајден ќе го поддржи актуелниот претседател на САД, затоа што гледа во него сојузник и можност да добие реванш за изгубеното Косово.

Судирот меѓу Вашингтон и Москва на Балканот е поврзан и со технолошко спротивставување, пример за тоа е клаузулата во договорот меѓу Белград и Приштина е сопирањето на доставување на технологии  за 5G од Кина. Со вклучувањето на Кина во спротивставувањето меѓу САД и Русија на Балканот, Пекинг може да се вклучи на страната на Москва, а познато е дека и Под-небесната империја исто има своја политика во нашиот регион, од која едвај ли ќе се откаже лесно.

Во следните месеци, тензиите на Балканот може да предизвикаат конфронтација, макар и од не-жежок тип, во кои засилувањето на острите тонови може да го турне регионот во неизвестност. Очигледно е дека битката за Балканот претстои …

* Авторот е поранешен дописник на Бугарското национално радио во Србија и Западен Балкан 2003-2011 година.

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO