Фото: Роjтерс

Најмалку девет ученици беа убиени, а 70 се ранети утрово во бомбашки напад во верско училиште во северозападен Пакистан, соопштија локалните власти и очевидци.

„Повеќе од 60 луѓе биле на предавања кога се случила експлозијата во Пешавар, околу 170 километри западно од Исламабад“, рече Вакар Азим, висок полициски службеник. Д-р Мухамед Асим Кан, портпарол на болницата „Леди рединг“ во Пешавар, изјави дека во болницата досега имало седум мртви тела и скоро 70 повредени.

„Повеќето од убиените и повредените беа погодени од шрапнели, а некои беа тешко изгорени“, рече тој. Некои авганистански студенти кои студираат на богословијата исто така беа меѓу ранетите, соопштија официјалните лица. Ниту една група не презеде непосредна одговорност за нападот.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO