Анекс кон Договорот за пријателство и добрососедство со Северна Македонија би значело препотврдување на намерите утврдени во тој договор. Тоа го кажа пред БНР Весела Чернева, директор на канцеларијата во Софија на Европскиот совет за надворешна политика.

„Има потреба од излегување од овој ќор-сокак во кој се наоѓаат билатералните односи“, нагласи таа.

Во програмата ʺПред сите“ Чернева го опиша договорот со Северна Македонија како „многу јасен, краток, чист документ“, но според нејзините зборови има луѓе од обете страни кои се обидуваат да го ʺотпотпишат договорот, се обидуваат да го направат невалиден“, кое таа ги нарече недалекувидно.

ʺСамиот текст нема потреба од толкување. Има потреба од толкување желбата на групи во двете земји некако да се вратиме во моментот пред потпишувањето на договорот “.

Весела Чернева истакна постојана тенденција во двете земји да се работи за приближување на Бугарија и Северна Македонија, а во исто време ʺтие да бидат оддалечени, скарани“.

ʺИ во голема мера, целиот овој разговор за симболиката во нашите односи, спроведуван така, за да не разделува, а не да нè собира, го цели токму тоа. Се надевам дека тој нема за цел да ги дестабилизира нашите соседи. Тоа би било нешто што е спротивно на бугарскиот национален интерес “.

Моменталната криза во односите треба да се надмине со цел да се започнат преговори со Европската унија за членство на Северна Македонија и Албанија, како и да се реализира копретседателството на Софија и Скопје со Берлинскиот процес, на што инсистираше Бугарија со години, смета Чернева. Таа е оптимист дека анекс кон билатералниот договор може да го намали раздорот во билатералните односи.

ʺПрашањето не е толку во содржината на анексот, иако сигурно ќе се гледа под лупа и од двете страни, колку во создавањето врата преку која може да се излезе од овој ќорсокак“, коментира Чернева.

Таквиот анекс ќе го врати разговорот кон самиот договор, бидејќи во последните месеци сме сведоци на дијалог во кој ʺза договорот практично не станува збор, а проблемите се во неисполнувањето на договорот“, кажа Весела Чернева.

ʺНие зборуваме наместо за тоа за симболични работи – за идентитет, јазик итн. Во договорот, сето ова е утврдено доста јасно и е објаснето доста јасно “.

Таквиот анекс би бил политички чекор што ќе им даде на двете страни можност да демонстрираат конструктивен пристап, сумираше Весела Чернева.

Детално слушнете го мислењето во звучниот фајл ТУКА.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO