Тешка клиничка слика на пациент е со висока температура, глад за воздух, вознемиреност. Во определувањето на тежината на клиничката слика улога имаат многу параметри како клинички, така лабораториски, ренгенграфски и коморбидитетите и тежината на хроничната болест, пишува plusinfo.
По апелот на д-р Милена Стевановиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, дека на оваа Клиника не треба да доаѓаат пациенти со Ковид-19 со лесни симптоми за да не се преоптоварува болницата, докторката објасни кои се лесни, средни, а кои тешки симптоми на пациентите со Ковид-19.

„Пациенти кои немаат симптоми а се Ковид позитивни, пациенти кои имаат лесна клиничка слика со еднократно покачување на температурата или ниска покачена температура со гребење на грло, поради тоа некогаш и сува кашлица, малаксаност, треба да бидат во редовен контакт со матичниот лекар.

Средна тешка клиничка слика се пациенти со верификувана пневмонија или клинички наод на пневмонија, без глад за воздух, покачена температура.

Тешка клиничка слика на пациент е со висока температура, глад за воздух, вознемиреност. Во определувањето на тежината на клиничката слика улога имаат многу параметри како клинички, така лабораториски, ренгенграфски и коморбидитетите и тежината на хроничната болест.

Поради ова е многу значајно редовното комуницирање со матичниот лекар и нивното следење на пациентите како телефонско, така и со прегледи.“

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO