Пријателството се крепи на доверба, а науката не признава свети крави

Внушувањата дека Бугарија била фашистичка земја, а македонскиот народ се дигнал на антифашистичко востание не ја одразуваат историската вистина и денес ги трујат односите меѓу Бугарија и РС Македонија.

Во статија ʺБугарија-окупатор или ослободител“ во македонскиот сајт ʺФокус“, д-р Ненад Живановски ги повторува познатите тези на македонската историографија. Бугарија била фашистичка земја, а македонскиот народ се дигнал на антифашистичко востание. Од гледна точка на ʺполитичката коректност“ тој предлага изразот ʺбугарски фашистички окупатор“ да се замени со ʺокупација од фашистичка Бугарија“.

Според него: ʺИсториски непобитен факт во македонско-бугарските односи е дека на 18 април 1941 е потпишан Договорот помеѓу Цар Борис и Хитлер за приклучување на Бугарија на нацистичко-фашистичката оска, што ќе трае во најголемиот дел од Втората светска војна, односно до септември 1944, така што, не би требало да биде спорно и за бугарската историографија дека во минатото Бугарија била и фашистичка држава.“

Расудувањето е фундаментално искривување на историјата. Политичкиот систем во Бугарија во овој период на никаков начин не може да се претстави како ʺфашистички“, да не говориме за нацистички.

Бугарија во тоа време не е тоталитарна држава. Макар што политичките партии се забранети, премолчано тие продолжуваат да функционираат. Во Народното собрание има опозиција. Граѓанското општество не е уништено. Ако Бугарија била ʺфашистичка“ држава, владата едвај ли ќе имала проблеми да ги депортира Евреите од старите граници.

Што се однесува до беспорниот факт, дека Бугарија потпишува договор за присоединување кон Тројниот пакт, тоа не ја прави автоматски државата ʺфашистичка“. Ако сакаме да ја разбереме историјата, треба да го одбележиме исто толку беспорниот факт дека Бугарија положува значителни усилби да остане неутрална. Не се присоединува кон Пактот заедно со Унгарија и Романија, ниту кога Мусолини ја напаѓа Грција.

Присоединувањето кон пактот е потпишано на 1 март, а не на 18 април 1941 година, како што тврди Живановски. Случајна грешка ли е тоа? Или целта на ʺгрешката“ е да се внуши дека Бугарија се присоединува кон Пактот за да ја присоедини Македонија?

Не е тешко да се утврди дека Бугарија се присоединува кон Пактот, во момент кога Хитлер и го ветува Солун на Југославија. Решението на царот и на владата нема ништо заедничко со ʺмакедонското прашање“. Тоа е наложено само од страв од надвиснатата нацистичка опасност. Така што, претставувањето на Бугарија како ʺфашистичка“ земја е крајно тенденциозно.

Да, по 1934 година таа не е демократска. И по 1 март 1941 година, престанува да е независна. Според некои извештаи, првите единици на Вермахтот влегуваат во Бугарија неколку часа пред да биде потпишан Договорот за присоединувањето кон Тројниот пакт. По распоредувањето на Хитлеровата армија на бугарска територија, Бугарија станува ʺдржава со ограничен суверенитет“, или ако треба да искористиме еден можеби политички некоректен, но смислен термин што го карактеризира периодот – таа се претвора во нацистички вазал.

Да се ​​биде вазал не значи, дека земјата не може да зема одредени решенија, но тие се сведени генерално земено до две возможни стратегии. Да му служи ентузијастички на суверенот со надеж, дека тој ќе ја награди, или да се обидува да ја сведе соработката со суверенот до возможниот минимум.

Бугарија без сомнение ја усвојува втората стратегија.

Во целиот период од 1 март 1941 год. до 2 септември 1944 год., таа е најсовеволниот вазал во нацистичката империја. Не испраќа никакви војски на никакви фронтови, поддржува дипломатски односи со СССР и нарушувајќи го срамниот договор Белов-Денекер, им ги предава на нацистите само оние Евреи, кои тие ги завладеале и и ги предале за ʺадминистрирање“.

Кога тврди дека: ʺАко немаме дилема кој бил окупаторот, а тоа е фашистичка Бугаријаʺ, добро е Живановски да им припомни на читателите, дека пред првиот бугарски војник да стапнал во Македонија, Југославија, веќе капитулирала пред Хитлер и Мусолини.

Познато е дека на 17 април, кога министерот за надворешни работи на Југославија (пред пучот) Александар Марковиќ и генералот Радуле Јанковиќ ја потпишаа капитулацијата на Југославија, Бугарија сè уште одржуваше дипломатски односи со кралството. Капитулацијата ја потпишаа Германија и Италија. Германија и Италија станаа полноправни господари низ целото кралство. Тие се окупатори и тие се одговорни за целото население во земјата. Ваквите тие остануваат дури кога бугарската армија доаѓа во Македонија со нивна согласност. Ако треба да бидеме фер, ќе кажеме дека вазалската (иако прилично непокорна) Бугарија ја презема администрацијата на дел од нацистичката окупирана Југославија.

Ако треба да сме коректни ќе уточниме, дека вазалската (макар и доста своеволна) Бугарија ја презема администрацијата на дел од окупираната од нацистите Југославија.

Историски, не политички коректниот термин, кој треба да го користиме за периодот на Втората светска војна за поголемиот дел од територијата на денешната РС Македонија е ʺБугарската администрација (во услови на нацистичка окупација на Југославија и нацистички суверенитет над Бугарија)“.

Така што Бугарија не е ослободител на Македонија, затоа што таа не ја протерува Кралска Југославија од Вардарската Бановина.

Вазалството во рамките на нацистичката империја, далеку не е најславната страница во бугарската историја. Но, тешко е да се одрече, дека таа служи како штит помеѓу местното население и нацистичките окупатори. Благодарение на неа, се ослободени сите македонски војници кои служеле во југословенската војска од германско и италијанско заробеништво.

Бугарската администрација треба да биде истражувана објективно. Треба да е јасно каков бил нејзиниот состав. Не треба да забораваме, дека во неа членуваат братот на Никола Карев и синот на Питу Гули! Треба да ја анализираме политиката на бугарската администрација. И најмногу – треба да сме на јасно какви биле нејзините алтернативи. Според југословенските истражувања за време на Втората светска војна, Црна Гора губи околу 10% од своето население, а Србија 6,9%, додека жртвите во Македонија се под 1% [1], при што во таа бројка влегуваат убиените од режимот на Кралска Југославија, од бугарската администрација, од нацистите, од италијанската окупаторска армија, од албанските балисти, од комунистите, како и убиените на Сремскиот фронт.

Според францускиот истражувач Пол Гард, значително помалиот број на жртвите се должи на тоа што ʺокупаторите биле бугарите“. Ќе прифати ли Живановски, дека доаѓањето на бугарската администрација во Македонија, откако нацистичката окупација веќе била воспоставена, спасило многу човечки животи? Или тој претпочита да остане во сферата на баењата.

Хитлер беспорно е олицетворение на злото, но идејата, дека сите, кои ентузијастички, со отклонување или под принуда соработувале со него се ʺлоши“, а сите кои се спротивставувале на неговата империја, се ʺдобри“ е многу сомнителна. Дава ли отпорот против Хитлер и сите негови сојузници и вазали е индулгенција за сите извршени од нив престапи и малтретирања – тогаш или покасно?

Изминаа 75 години од крајот на Втората светска војна. Крајно време е да се излезе од политичките мотиви на победниците и да се прифати историјата таква каква што била.

Живановски претпочита да остане на ниво на политички клишеа. Според неговите зборови: ʺЗамислете некој германски историчар денес да каже дека со анексијата на Чехословачка во 1938 година, нацистичка Германија ги ослободила судецките Германци од чехословачко ропство. И таму на денот на влегувањето на нацистичката војска дел од населението излегло да ги пречека со цвеќиња и поздрави, но тоа не е никаков аргумент дека нацистите биле ослободители.“

Само што не е толку едноставно.

Минхенскиот договор е осуден од целата демократска заедница, затоа што обидите, диктаторите да бидат омилостени со отстапки скоро секогаш пропаѓаат. Но, историјата едвај ли може да одрече, дека една од причините за Втората светска војна се неправдите во мировните договори, со кои завршува Првата светска војна. Проблемот со Минхенскиот договор е што Велика Британија и Франција му го даваат на Хитлер, кој се заканува со војна тоа, што го откажале порано на демократска и невооружена Германија. И, сосема е легитимно прашањето, дали ако на Австрија и Судетските области им било дозволено да се присоединат кон Вајмарска Германија, нешто слично на Хитлер, можело да дојде на власт!

Историчарот Стефан Дечев, кој со право ја критикува закоравената бугарска историографија, неодамна постави реторичко прашање: Каков би бил рејтингот на Хитлер во Македонија во април 1941 година, ако ГАЛУП го истражуваше!

И збор не може да стане за релативизирање или оправдување на Хитлер и неговиот Рајх. Но, не може да не се согласиме со Сер Џорџ Рендал-последниот британски амбасадор во Софија пред Бугарија да се присоедини кон Тројниот пакт, според кого:

ʺИзборот на страна (во војната) се претставуваше на Балканот под сосема друга форма од онаа, со која бевме навикнале да размислуваме на Запад“. [2]

Најважното, кое Ненад Живоновски се обидува да го внуши е дека:

ʺАко е факт кој македонската историографија го афирмира дека современата македонска држава е помлада од македонскиот народ, т.е. државата постои од 1945, а (најголемиот) дел од населението во тогашна Вардарска бановина, на денот на окупацијата од фашистичка Бугарија, се чувствувало како Македонци, тогаш…“

Ако било така, добро…

Ама ако не било така? Малку светски истражувачи би го заложиле својот авторитет на ваквото тврдење.

Едвај ли има сомнеж,  ако биле прашани: ʺВие македонци ли сте“, многу голем дел од населението би одговорила позитивно. Но, воопшто не е сигурно, дека поголем дел од населението разбирало под поимот ʺмакедонци“ еден од југословенските (или јужнословенските) народи. Таквото размислување станува доминантно многу подоцна. За многу од тогашните жители на Вардарска Бановина, ʺмакедонци“ означувало во поголема или помала мера ʺдел од бугарскиот народ“. Акционите комитети и радосниот пречек на бугарската армија се само еден индикатор. Сепак, никој тогаш не упатува петиции кон германците да не ги допуштаат бугарите во Македонија. Токму спротивното.

Не случајно во тоа време користењето на терминот ʺмакедонци“ е легално само во Бугарија. Суштествуваат Македонска парламентарна група, Македонска народна банка, Македонска кооперативна банка, Македонски научен институт, Македонски благотворителни братства, Македонски национален комитет, Македонски младински сојуз итн. Фудбалскиот тим ʺМакедонија“ опишан во филмот ʺТрето полувреме“ го добива правото да се нарекува така само по пристигнувањето на бугарската администрација.

Едвај ли постои сомнеж дека во споредба со 1915 година, во 1941 година чувството за бугарска припадност на жителите на Вардарска бановина е расколебано. Но, за голем дел од луѓето – особено за оние кои се сеќаваат на периодот 1915-18 – тоа е сè уште реално. Како што забележува Пол Гард:

ʺПрвично, признавањето (по војната) на одделна македонска народност е еден донекаде вештачки експеримент, кој без сомнение не одговара на јасно изразената волја на населението. [3]

ʺВадењето на македонските Словени од бугарското етно-национално ткиво“ [4] е долг, сложен и мачен процес, кој раскинувал семејства и пријатели. Бил исполнет со многу цик-цак, но во крајна сметка создавањето на македонската држава и нација води до тоа, дека потомците на преродбениците кои се објавиле за Бугари со создавањето на Бугарската егзархија веќе не живеат под туѓ суверенитет.

ʺИлинденскиот“ договор од 2017 година признава две држави и два народа, кои меѓутоа, имаат заедничка историја. Таа историја е сложена и контрадикторна, но е заедничка. Заеднички ни се светлите личности како Св. Климент и Св. Наум, Цар Самуил, Гоце и Даме, но и некои можеби контраверзни личности и организации како ʺАкционите комитети“, кои се објавиле за присоединување на Македонија кон Бугарија во 1941 под егидата на Хитлер. Заеднички ни е и бугарскиот полковник Љубен Апостолов од Крива Паланка, кој го наредил стрелањето на ʺмладинците од Ваташа“, за што уште тогаш бил казнет од бугарските власти.

Внушувањата дека Бугарија е фашистичка земја, а македонскиот народ во 1941 година избрал да застане на страната на Антихитлеровата коалиција и дигнал антифашистичко востание, може би бил удобен политички инструмент непосредно по Втората светска војна, но тие не ја одразуваат историската вистина и денес ги трујат односите меѓу Бугарија и РС Македонија.

[1] Пол Гард – „Vie a Mort de la Yougoslavie“ стр. 244

[2] Sir George Rendel; The Sword and the Olive; John Murray; London 1957 г. стр 142.

[3] Пол Гард – „Vie a Mort de la Yougoslavie“ стр. 244

––––––––-

Ексклузивно за ТАТКОВИНА: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO