Папата Франциско е првиот понтиф кој што ги ги поддржал граѓанските истополови бракови и хомосексуалните заедници. Во документарец, кој денеска беше премиерно прикажан во Рим, тој изјави дека геј-луѓето треба да може да го легализираат своето партнерство. Тоа е една од неговите најдиректни пораки во врска со правата на хомосексуалците, соопшти Deutsche Welle.

„Хомосексуалците имаат право на семејство. Тие се божји деца. Никој не смее да биде исфрлен и никој не смее да се чувствува мизерно поради тоа. Она што мора да го имаме е закон за граѓанска заедница, на тој начин тие ќе бидат законски покриени“, рече Папата, поддржувајќи го животното партнерство на хомосексуалците, што е досега невидена позиција во рамките на Католичката црква.

Папата на тој начин се осврна на времето кога, како Архиепископ од Буенос Аирес, се спротивстави на истополовите бракови, но ја поддржа идејата правата на истополовите парови да бидат законски заштитени на некој начин.

Папата Франциско овие ставови ги претстави во документарниот филм „Франциско“, што беше прикажан на Филмскиот фестивал во Рим, посветен на неговиот живот. Документарниот филм во режија на Евгениј Афиневски говори за папството на Франциско во последните 7,5 години. Во филмот се разработува и неговиот однос во расчистувањето на скандалите за сексуални злоупотреби во Црквата.

Директната поддршка за геј-заедницата од страна на Папата претставува израз на сосема поинакво гледиште од неговите претходници. Според биографот на папата Остин Ајвери, неговите коментари во филмот се едни од најдиректните изјави на Франциско по ова прашање откако беше избран за папа во 2013 година. Папата зборуваше во делот од филмот посветен на Андреј Рубери, хомосексуалец кој со својот партнер посвои три деца.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO