Иако здравствената криза е најголем проблем, пандемијата ја разниша и економијата ширум светот и кај нас. Најпогодени се луѓето кои живеат во сиромаштија и социјална ранливост. Кризата со Ковид-19 ги осиромаши и вработените лица.

Сиромаштијата во изминатиот период беше закана за околу 450 илјади луѓе или 21 процент од населението во РС Македонија, но поради кризата предизвикана од корона вирусот, на македонското општество му се заканува опасност од зголемување на бројот на граѓани кои што ќе немаат пари во иднина.

Симулациите на Светската Банка предвидуваат дека стапката на сиромаштија ќе се зголеми на околу 20-23% во 2020 година споредено со 17% во 2019. Тоа значи дека од 55 000 до 130 000 Македонци ќе западнат во сиромаштија.

Сето ова ќе зависи од тоа колку долго ќе трае кризата предизвикана од пандемијата.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO