Опис: „…Монасите на Бигорскиот манастир успеале да ја разоткрија вистината, а минатата година и да ги пронајдат коските од свештеникот-маченик Овентиј Исаиев Фрчковски, свештеник од Галичник убиен од српската жандармерија во 1918 година…

Во меѓувреме, се пронајдоа и писмени сведоштва за ова големо политичко злосторство, извршено после воспоставувањето на српската окупаторска власт во Мијачијата. Имено, галичанецот Ристо Бужароски во своето дело „Галичка повест“ соопштува много детали за тоа како во 1918 г. биле убиени четворица галичани: свештеникот Овентиј Фрчковски, Русе Михајловски (Бајрамовски), Евгениј (Евге) Галев Ванкоски и Јаков (Наќе) Колоски…

За маченичката смрт на отец Овентиј Исаиев пишува и македонскиот просветен работник, фотограф и револуционер, деец на Македонската револуционерна организација прилепчанецот Георги Трајчев во својата „Книга за мијаците“, објавена во Софија 1941 година. Според неговото сведоштво, „после 25 септември 1918 првата работа на официјалните српски власти после новото заземање на областа (т.е. на Дебарскиот крај), била да ги колат, заплашуваат и убиваат поразбудените личности, особено духовенството“. Во тој погром настрадал и архиерејскиот намесник од Галичник, о. Овентиј, кој бил убиен кај карпа близу Бигорскиот манастир…

Сличен податок наоѓаме и кај современиот и познат бугарски историчар Христо Милков, кој води потекло од галичката фамилија Фрчковски, и кој кажува дека о. Овентиј бил убиен кај карпа во близина на Бигорски, поради тоа што не сакал да ја прифати српската црковна јерархија…

Најмалку пет други монаси и свештеници биле убиени во тој период…

Истражувањата што досега ги спровеле монасите од Бигорскиот манастир покажуваат дека овие монаси и свештеници отпорот кон новата српска власт почнале да даваат преку неспоменувањето на името на тогашниот српски епископ, а потоа и патријарх Варнава. Ова прво му се случило во 1912 година, веднаш по Првата балканска војна на тогашниот игумен на Бигорскиот манастир јеромонахот Партениј.

Откако тој дал таква наредба на монасите во монастирот, следела и одмазда на власта. Српски офицери заедно со еден полициски службеник го прогониле игуменот Партениј од манастирот. За тоа сведочи и записот на тогашниот дебарски митрополит Козма. Неколку години подоцна, во 1918 година, овој игумен бил ѕверски убиен откако, по нарачка на српските власти, една разбојничка банда го пресретнала на некој мост на река Радика. Разбојниците го исекле на парчиња и потоа го фрлиле во реката…“

Извор: Скенирано од оригинален примерок

Автор: Бранко Ѓоргевски-македонски новинар и црковен анализатор

За да ја прочитате статијата кликнете ТУКА

Извор: Библиотека Струмски

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO