Ризикот од изложеност на коронавирус во авионите е многу мал, соопшти студија објавена од Министерството за одбрана на САД. Станува збор за позитивен знак за авионската индустрија која е силно погодена од последиците од пандемијата.

За патник со маска во полн авион, ризикот лебдечки честички да влезат во областа на дишните патишта во просек е 0,003 проценти, пишува во студијата.

Маските помагаат во минимизирање на изложеноста на зараза кога некој кашла, дури и во соседните седишта. Благодарение на брзата циркулација на воздухот, системите за вентилација и филтрација, околу 99,99 проценти од честичките се филтрираат надвор од кабината во рок од шест минути.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO