Повеќе од половина од земјите на Европската унија, како и Велика Британија, се во црвено на новата европска мапа за ограничувања на патувањето, објавена од Европскиот центар за спречување и контрола на болести.

На мапата за подобро усогласување на препораките, само три земји од ЕУ или Европската економска област – Норвешка, Финска и Грција – се претежно зелени, додека пет земји (Италија, Кипар, Естонија, Литванија и Летонија) во портокалова боја. Пет земји (Австрија, Германија, Шведска, Данска и Исланд) се во сива боја затоа што нема податоци за тестовите, а причините не се наведени.

Според препораката, патниците кои доаѓаат од портокаловата и црвената зона или од сивата зона можат да бидат предмет на ограничувачки мерки по пристигнувањето. Оваа мапа, која е детална на регионално ниво, треба да ги идентификува областите во ризик, но не е обврзувачка.

За да се биде во зелената зона, во регионот треба да има помалку од 25 нови инфекции на 100 000 жители во последните две недели и број на позитивни тестови за коронавирусот под четири проценти. Во црвено е кога бројот на нови случаи на инфекција за две недели надминува 50 на 100 000 жители и стапката на позитивни тестови надминува четири проценти или кога бројот на нови случаи надминува 150.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO