Во Скопје продолжува работата на македонските и бугарските историчари од мешовитата комисија предвидена со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји.

Ова е 10-та средба на мешовитата комисија, а на последните три не беше постигнат напредок. Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека е добро комисијата продолжи да работи по подолго време и дека од Софија и натаму има тензичност околу прашањето со Гоце Делчев. Сепак, тој изрази оптимизам дека ќе се надминат недоразбирањата со Бугарија, особено за барањата кои задираат во македонскиот идентитет – јазикот и нацијата. Тој ги охрабри историчарите да ги усогласат своите ставови за на крајот политичарите од двете земји да стават крај на сите преостанати дилеми.

За период од две години Комисијата има препорачано заедничко одбележување на пет историски личности Свети Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Наум и цар Самуил, а усвоени се препораки за учебниците по историја за шесто одделение во Македонија и петто во Бугарија, кои се однесуваат на античкиот период.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO