Фото: Роjтерс

Франција воведува полициски час од 21 часот до 6 часот наутро во неколку поголеми градови, вклучувајќи го и Париз, за да спречи понатамошно ширење на коронавирусот, рече претседателот Емануел Макрон, додавајќи дека мерката ќе стапи на сила в сабота и ќе трае четири недели.

„Полицискиот час ќе трае четири недели и ќе му се обратиме на парламентот да го продолжи до 1 декември“, рече Макрон во телевизиското обраќање.

Покрај Париз и пошироката област на главниот град, воведен е полициски час во Лил, Лион, Марсеј, Гренобл, Монпелје, Сент Етјен, Руан и Тулуз. Во пракса, ова значи дека рестораните, баровите, театрите и кината ќе бидат затворени од 21.00 часот. Повеќе од 32.000 луѓе починаа во Франција од почетокот на епидемијата на коронавирусот.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO