Денеска во Скопје ќе се одржи нова средба на македонските и бугарските историчари од мешовитата комисија предвидена со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји.

Ова ќе биде 10-та средба на мешовитата комисија, а на последните три не беше постигнат напредок.

Од македонскиот тим со став дека нема да даваат изјави пред средбата со нивните бугарски колеги. За период од две години Комисијата има препорачано заедничко одбележување на пет историски личности Свети Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Наум и цар Самуил, а усвоени се препораки за учебниците по историја за шесто одделение во Македонија и петто во Бугарија, кои се однесуваат на античкиот период.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO