Фото: Роjтерс

Германија соопшти за рекорден број нови случаи на заразени со новиот коронавурус – 6 638 за изминатите 24 часа, а вкупниот број на заразени лица во земјата од почетокот на пандемијата достигна 341 223 лица, според податоците на институтот Роберт Кох.

Канцеларката Ангела Меркел ги повика германските покраини да преземат заеднички пристап за спречување на епидемијата на коронавирус. Бројот на смртни е зголемен за 33 на 9 710 лица. Меркел предупреди дека може бројот на новиинфицирани да достигне 19 200 на ден доколку сегашниот тренд продолжи, но од економска гледна точка, Германија не може да си дозволи ново затворање, како во првиот бран на епидемијата. Ситуацијата треба итно да се реши, изјави Меркел по состанокот со премиерите на сојузните држави, на кој беа договорени дополнителни мерки против ширењето на коронавирусот.

Меркел рече, дека земјата е во критична фаза во борбата против Ковид-19 и однесувањето на луѓето во следните недели ќе биде клучно.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO