Денес напладне, во 12 часот, во Претседателската резиденција на Водно, Претседателот на државата г. Стево Пендаровски ќе му го додели високото државно одликување „Орден за заслуги за државата“ на Бигорскиот Манастир „Св. Јован Крстител“, по повод 1000-годишнината од неговото основање. Се очекува на свеченоста свое обраќање да имаат македонскиот претседател Пендаровски и нашиот старец и игумен Епископот г. Партениј, а ќе настапи и бигорскиот монашки хор. Целата свеченост ќе биде во живо пренесувана на Facebook страницата, како и на YouTube каналот на Бигорски манастир.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO