ʺБугарија е против разделувањето на Албанија и С. Македонија во разговорите за членство во ЕУ“,  изјавила бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева по нејзината средба со вршителот на должноста министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Гент Чакај.

Захариева истакнала дека бугарското малцинство во Албанија е богатство и уште една можност што Бугарија може да ја искористи за поддршка на Албанија. Таа изразила подготвеност да го поддржи изучувањето на бугарскиот јазик од нивното малцинство преку наставници и наставни материјали, додала Захариева.

Таа посочила дека и покрај пандемијата на коронавирус трговијата меѓу Албанија и Бугарија е зголемена. Во оваа насока, со цел дополнително зајакнување на економските односи, ќе се одржи состанок на Заедничката бугарско-албанска комисија. Захариева исто така соопштила дека врската меѓу двете земји е од најголема важност и се разгледува обновување на воздушната линија меѓу Софија и Тирана.

Захариева и Цакај на средбата разговарале за европската интеграција на Албанија и за можностите за зајакнување на билатералната соработка во областа на транспорот, економијата и туризмот.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO