Околу гласините дека претеници од помалите партии од Коалицијата „Можеме“ сакаат да преминат во ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Зоран Заев констатираше дека тие што го зборуваат тоа ʺси прават излет на мозокот“.

ʺЗа да добиете ви требаат албански партии, на која политичка основа, на укинувањето на трите договори, на создавањето на чиста Македонија… зборував пред две години, зборувам и сега, додека не ја променат менталната матрица во своето политичко делување ќе останат долго време опозицијаʺ, заклучи премиерот Заев.

Александар Николоски, потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Стар синоќа тврдеше дека со пратеници од коалицијата на СДСМ разговараат за ново парламентарно мнозинство.

ʺВо овој момент, еве ексклузивно има пратеници од коалицијата на СДСМ, кои што не се од Беса или од ДУИ туку од останати пратеници во рамки на коалицијата на СДСМ коишто веќе разговараат за ново парламентарно мнозинство ʺ– истакна Николоски.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO