Лидерите и поранешни пратеници од грчката партија „Златна зораʺ, која судот во Атина ја оквалификува како ʺзлосторничка организација“, добија тешки казни.

Раководството на неофашистичката партија ʺЗлатна зораʺ, оквалификувана од Апелациониот суд како ʺзлосторничка организација“, доби по 13 години лишување од слобода.

Со оваа тешка казна се лидерот на партијата, Никос Михалолакос и уште шестмина поранешни пратеници.

Меѓу нив е и европратеникот Јанис Лагос, за кого треба да започне постапка за одземаање на неговиот имунитет од Европскиот парламент, објаснија неговите адвокати.

Други 11 политички фигури од партијата – активисти и поранешни пратеници – беа осудени на 6 до 8 години лишување од слобода.

Освен учеството во злосторничка организација, неколкумина од нив се осудени и за справување со политички противници, обид за убиство на мигранти и напад на синдикати.

Извршителот на убиството на левичарскиот активист и рапер Павлос Фисас доби доживотна казна затвор.

Во парламентот, партиите внесоа за разгледување на измени во законодавството за лишување од гласачко право на лица осудени како водачи на злосторничка организација.

Адвокатите на осудените лица за медиумите изјавија дека ќе поднесат жалба на казните бидејќи според нив тоа е ʺполитички прогон“.

Полицијата се очекува да ги уапси осудените во рок од неколку часа.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO