Колку и различни позиции да споделуваме, едно е јасно: три години по потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји и во пресрет на меѓувладината конференција меѓу РС Македонија и ЕУ, која треба да се донесе решение за преговори со Скопје за членство, бугарско-македонските односи се наоѓаат целосно во ќорсокак. Причините за тоа се познати, макар што, за нив се водат жестоки спорови – кој и за што е виновен. Моето мнение е, е дека основната причина за блокирањето на двостраните односи е фокусирањето на двете страни целосно кон проблемите и конфликтите на нашата заедничка историја. Во секој случај, за малко останатото време, во кое Софија и Скопје треба да донесат оперативни политички решенија со лице кон наближувачката меѓувладина средба, при добра желба, може да се направи следново:

1.Да се ​​прифати фактот дека одредени проблеми на историјата можат да се решат на краткорочен план со политички акти на двете земји. Тоа се, пред сè, проблемите за кои двете влади – двете земји – можат да преземат директна политичка одговорност. Тие се однесуваат на непријателски оценки и квалификации за другата земја, залегнати во официјалните идеолошки државни доктрини на Бугарија и РС Македонија. Тие позиции можат да бидат брзо корегирани преку официјални државно-политички акти, кои можат да бидат оформенени како специјални анекси кон договорот на акти на државна политика, кои можат да се формулираат како посебни анекси на договорот или да се усвојат одделно како декларации за взаемна обврзаност на земјите за конкретните проблеми на договарање.

  1. Суштествуваат историски проблеми кои не можат да бидат решени со билатерални договори или еднострани акти на признавање. Голем дел од заедничката историја на двете земји е вкоренета во основите на суштествувачкиот заеднички идентитет на заедницата и тешко да биде променета преку декретирање. Дури ако едната страна ги прифати настојувањата на другата за определени проблеми, таа согласност ќе се покаже безпредметна пред лицето на определени разбирања и историски формирани убедувања во општеството, за кои се потребни подолги временски периоди за преосмислување и промена.
  2. Во процесот на договарање меѓу двете земји, возможно е да се направи обид за преструктуирање на двостраната комисија за проблеми на историјата, која би можела да добие поголема автономност, дискретност во дебатите за основните проблеми на двостраната историја, независност од политички оценки и право на популаризирање, само на веќе постигнати договори за историски проблеми и спорови меѓу двете земји.
  3. За излегување од ќор-сокакот на двостраните односи решавачки придонес може да има вклучувањето на взаемни ангажмани и договори за проблеми надвор од сферата на историјата. Можеме да набележиме неколку проблематични сфери во кои двостраната соработка е добредојдена и – всушност – веќе премногу задоцнета:

-Реализација на инфраструктурни проекти за поврзување на Бугарија и РС Македонија во интегралниот транспортен и енергетски систем на обединета Европа. Тука најзначајни и најитни како приоритет за реализација се проектите за железница и автопат Софија – Скопје. Реализацијата на овие проекти може да залегне како предуслов (од бугарска страна) за финализирање од страна на Скопје на преговорите за поглавјето Транспорт, на пример.

– Конкретни образовни, медиумски и културни проекти и иницијативи, кои изискуваат јасни ангажмани за развој на институционална инфраструктура за соработка меѓу двете земји: отворање на културни центри во главните градови на двете земји; развој на конкретни образовни програми во училиштата и универзитетите за подобро запознавање на уметноста, културата и науката од другата земја; размена на медиумски продукти, договарање на ТВ канали од едната земја за медиумскиот простор на другата; поттикнување на отворање на книжарници, арт центри, музички и театарски фестивали итн.

– Активно ангажирање на програмите за развој на ЕУ за спроведување на заеднички стопански, инвестициски, образовни проекти и проекти за институционална соработка помеѓу јавните административни системи на двете земји.

  1. Добрата волја за разрешување на противречностите и конфликтите во двостраните односи е компатибилна со опстојувањето на интересите на двете земји во преговарачкиот процес. Ултиматумите се крајно непожелно средство за остварување на сопствените интереси. Преговарачкиот процес е соодветна рамка за утврдување на приоритетите на националниот интерес на секоја од земјите во конкретните димензии на секоја една сфера на општествениот живот и за договарањето на конкретни позиции во детали.

Проблемите меѓу Бугарија и РС Македонија се производ на драматичен историски процес од најмалку век и половина. Голем дел од резултатите генерирани од овој век и половина од историјата се навистина достојни за жалење. Ние можеме да ги излекуваме траумите, добиени во заплетите на историјата со повеќе разум, добронамереност и – кога е неопходно – тврдост во отстојување на легитимни позиции. Надминувањето на траумите од историјата ќе одземе време. Треба да бидеме подготвени за тоа.

––––––––––––––

Огнјан Минчев-бугарски политиколог, доктор по социолошки науки

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO