Премиерот на РС Македонија Зоран Заев во неделата изјави дека барањата што доаѓаат од Софија не се ниту европски ниту добронамерни, и ако тоа остане така, земјата треба да ги подготви својот народ, дека почетокот на преговорите со ЕУ во декември нема да се случи.

Изјавата ги зголеми тензиите меѓу двете земји. Темата ја коментираа меѓународниот аналитичар Николај Крстев и Милен Керемедчиев, поранешен заменик министер за надворешни работи на Република Бугарија.

„Руските интереси во регионот минуваат низ Србија. Гледаме зголемување на антибугарската реторика во Србија и Северна Македонија – руските служби имаат вмешано прсти во тоа“, изјави Керемедчиев во ефирот на ʺБугарија наутроʺ.

Николај Крстев додаде дека руските и белградските интереси се совпаѓаат во однос на Северна Македонија. Според него, растот на антибугарската реторика во последно време е загрижувачки.

„Пред две години, Бугарија даде се од себе да го посвети своето претседателство со ЕУ на проширувањето кон Западен Балкан, а особено кон Северна Македонија. Темата со македонското малцинство во Северна Македонија се изигра многу добро таму. Тоа беше многу фина политичка игра. Не владата во Скопје, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ стои зад прашањето за македонското малцинство во Бугарија и со тоа е против духот на Договорот меѓу Софија и Скопје, поттикнувајќи нови националистички страсти на оваа тема “, рече аналитичарот пред Bulgaria ON AIR.

Според него, политиката на ВМРО-ДПМНЕ е проруска и води кон самоизолација на РС Македонија.

Керемедчиев, од своја страна истакна истакна дека последната изјава на Зоран Заев се препраќа кон Германија.

„Зборовите на Заев се повик за помош. Овој повик е упатен кон Германија и лично до г-ѓа Меркел. Канцеларката, напуштајќи го својот пост и тронот на лидерството на ЕУ, сака да го заврши своето владеење со голем букет од пробиви. Во секој случај, Германија сака да добие некакви дејатва од Северна Македонија до крајот на годината “, објасни тој.

Според него, притисокот врз Бугарија ќе се зголеми и реториката е логичен дел од овој притисок.

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO