Фото: Роjтерс

Демократскиот кандидат за претседател и поранешен потпретседател на САД Џо Бајден има 17 проценти предност пред актуелниот претседател Доналд Трамп, покажува националната анкета на Opinium и Guardian, објавена денес.

Според анкетата, Трамп изгубил многу гласачи заради начинот на кој неговата администрација се справува со пандемијата Ковид-19.

Според анкетата, 57% од регистрираните гласачи во САД велат дека ќе гласаат за Бајден доколку изборите се одржат сега, додека 40% изразуваат поддршка за Трамп.

Анкетата е спроведена меѓу 2.003 возрасни лица во САД во периодот од 8 октомври до 12 октомври.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO