Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји, објави дека е во самоизолација откако дознал дека член на неговиот тим е позитивен на корона вирус.

„Денеска бев известен дека член на мојот тим е позитивен на корона вирус. Додека ги чекаме новите резултати, мојот тим и јас сме во самоизолација во согласност со препораките за јавно здравје. Добро се чувствувам, немам никакви симптоми, а на тестовите минатата недела бев негативен“, напиша Вархеји на Твитер.

Вархеји беше  недела во официјална посета на Скопје, Тирана, Приштина, Белград, Сараево и Подгорица.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO