Почина Еди ван Хален, еден од основачите на легендарната хард рок-група „Ван Хален“, на 65-годишна возраст.

Легендарниот холандско-американски гитарист почина во вторникот по долгата борба со ракот на грлото, а веста за неговата смрт ја објави неговиот син Волфганг.

„Не можам да поверувам дека го пишувам ова, но татко ми, Едвард Лодевик ван Хален, утрово ја изгуби долгата и мачна битка со ракот. Тој беше најдобриот татко што можев да го замислам. Секој момент што го поминавме заедно на сцената или надвор, беше подарок. Срцето ми е скршено и мислам дека никогаш нема да закрепнам од оваа загуба. Те сакам, тато“, напиша Волфганг.

Еди се борел со рак повеќе од една деценија. Според американскиот портал, тој лани бил неколкупати во болница, а неодамна бил на хемотерапија.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO