Челси го совлада Кристал Палас со 4: 0 на ʺСтемфорд Бриџ“ во натпревар од 4-то коло во Премиер лигата.

Бен Чилвел ја доведе екипата на Френк Лампард во предност во 50-та минута кога го искористи лошото расчистување на противничката одбрана.

Во 66 минута Курт Зума со глава зголеми на 2: 0. Десет минути подоцна, Тами Абрахам беше соборен во казнениот простор и судијата досуди пенал. Жоржињо беше прецизен и резултатот веќе беше 3:0.

Во 80 минута Кај Хавертц беше запрен недозволено од Сако, а домаќините добија уште еден удар од белата точка. Жоржињо повторно не погреши и ги формираше конечните 4: 0.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO