Министерството за надворешни работи на Бугарија вчера прогласи двајца руски дипломати за персона нон грата. Во соопштението од бугарското МНР се прецизира дека руската Aмбасада била известена со дипломатска нота. Двајцата дипломати имаат 72 часа да ја напуштат Бугарија.

Претходно во текот на денот, Министерството за надворешни работи доби писмо од Обвинителството со указ за прекинување на претходната постапка против двајцата дипломати, кои собирале информации што претставуваат државна тајна заради доставување до странска држава или странска организација. Судската постапка против руските граѓани е прекината, бидејќи тие имаат дипломатски имунитет.

Во рамките на своите надлежности, Министерството за надворешни работи ги презеде потребните активности во согласност со Виенската конвенција за дипломатски односи, се вели во соопштението.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO