Фото: Роjтерс

Американскиот претседател Доналд Трамп одби да преземе ангажман за мирно предавање на власта доколку ги загуби претседателските избори на 3 ноември, пренесува Асошиејтед Прес.

ʺЌе видиме што ќе се случи“, рече тој во одговор на новинарско прашање, додавајќи дека сè ќе биде мирно, но нема да има предавање на власта, туку ʺпродолжение“.

Во меѓувреме, истражувањето направено од ʺИпсосʺ за агенција Ројтерс покажува дека Трамп и неговиот опонент од Демократската партија Џо Бајден имаат еднакви шанси за победа на претстојните избори во Флорида и Северна Каролина. Бајден има предност во Аризона, Мичиген, Висконсин и Пенсилванија. Овие шест држави можат да изиграат одлучувачка улога и да го одредат резултатот од гласањето, одбележува агенцијата.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO