Собранието на Република Северна Македонија синоќа со 62 гласа „за“, 44 против и без воздржани, э. За заменик министер за одбрана е избран Башким Хасани, Назим Буши во Министерството за внатрешни работи, а во ресорот правда Агим Нухиу. Илхан Рахман е нов заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, а Фатмире Исаки за заменик-министер за надворешни работи.

Во Министерството за финансии заменик министер ќе биде Димитар Ковачевски, а во Министерството за економија Зоран Маневски. Во ресорот земјоделство, шумарство и водостопанство заменик министер ќе биде Трајан Димковски, кој претходно ја извршуваше министерската функција во истото Министерство.

Илир Хасани е избран за заменик министер во Министерството за здравство. Арафат Шабани е нов заменик министер во Министерството за образование и наука, Енвер Хусејин во Министерството за труд и социјална политика, Зоран Димитровски во Министерството за локална самоуправа и Седат Сулејмани во Министерството за култура.

Заменик министер за информатичко општество и администрација ќе биде Александар Бајдевски, во Министерството за транспорт и врски Беким Реџепи, а во Министерството за животна средина и просторно планирање, Христина Оџаклиеска.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO