Фото: Роjтерс

Русија изразува загриженост во врска со решението на Бугарија да ги објави двајца вработени во руската трговска мисија во Софија за ʺперсона нон грата“. Ова се наведува во официјалната позиција на руското Министерство за надворешни работи.

Од руското Министерство за надворешни работи наведуваат дека решението на бугарските власти било донесено, цитирам, ʺврз основа на измислени обвиненија“. Уште вчера од Руската амбасада во Бугарија соопштија дека бугарската страна не доставила докази дека двајцата дипломати извршиле активности што не се во согласност со нивниот статус.

Според обвинителството, сепак, од 2016 г. дипломатите собирале информации за потребите на руското разузнавање во врска со модернизацијата на бугарската армија. Руското Министерство за надворешни работи наведува дека тие ги сметаат постапките на Бугарија како ʺнамерен обид да и наштетат на конструктивната руско-бугарска соработка“ и дека во следната фаза ќе објават реципрочни мерки. Најверојатно, двајца дипломати од бугарската амбасада во Москва ќе бидат прогласени за ʺперсона нон грата“, како што е вообичаена дипломатска пракса.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO