Фото: Роjтерс

Денес, претседателот на Белорусија Александар Лукашенко положи заклетва за нов мандат, објави официјалната информативна агенција Белта, повикувајќи се на ненадејната инаугурација, што се случи без претходна официјална информација, посочува Ројтерс.

Церемонијата, која вообичаено се разгласува како голем државен настан, се случи откако белоруската опозиција ги оспори претседателските избори на 9-ти август, на кои убедливо победи Лукашенко, според официјалните власти. Опозицијата меѓутоа го обвини за масовно фалсификување на изборни гласови.

Информативната агенција ʺБелта“ соопшти дека Лукашенко ја положил десната рака на копија од белорускиот устав и се заколнал на церемонијата на која присуствувале неколку стотици луѓе.

Ова е шести последователен мандат на Лукашенко, кој е на чело на земјата од 1994 година.

Белорусија се соочува со можност за санкции од САД и Европската унија во врска со спорните избори, проследено со репресии од страна на безбедносните сили на Лукашенко против опозициските протести со барање за негова оставка, пренесува Ројтерс.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO