Опис: Интервју на историчарот Иван Катарџиев за списанието Форум, архивски број 329, Скопје, 22 јули 2000 година

„Во идеологијата на Ванчо Михајлов и на оној дел на македонското национално движење коешто на чело со Тодор Александров се приближи кон Бугарија, македонскиот народ беше збирна именка. Таа се однесуваше на сите жители во Македонија -„Бугари“, Албанци, Власи, Турци…“

„КАТАРЏИЕВ:…Во 1944 година се говореше од страна на тогашните моќници дека Гоце Делчев и Илинден не треба да се слават бидејќи тој бил „Бугарин“, а Илинденското било „бугарско востание“.

ФОРУМ:Дали навистина Делчев се изјаснувал како Бугарин и зошто?

КАТАРЏИЕВ: Ваквите прашања стојат. Сите наши луѓе се именувале како „Бугари“…“

„Јас ќе ви кажам нешто за што знам дека денес ќе наиде на противење. Првото име на македонска ослободителна организација било „Б’лгаро-македоноодрински револуционерни комитети“. Тоа го објавив уште во 1965 година и оттогаш наваму овде тоа се оспорува, во Бугарија се прифаќа. Нема никаква валидна документација што би можела да го оспори тоа сознание.“

„ФОРУМ: Неодамна, во едно интервју, висока функционерка на ВМРО-ДПМНЕ, зборувајќи за тезата дека левицата во Македонија секогаш била ориентирана кон Белград, а десницата кон Софија, ми го посочи примерот на Димитар Влахов – левичар од ВМРО (Обединета), кој се декларирал како Бугарин.

КАТАРЏИЕВ: Да, тоа е точно. И не само Димитар Влахов. Павел Шатев, Панко Брашнаров, Ризо Ризов и др. Меѓутоа, овде тезата е погрешно поставена. Не е работата во тоа дали левицата се определуваше за Србија, а десницата за Бугарија. Тука се мешаат поимите. Практично, ни левицата ни десницата не ја доведуваа во прашање својата бугарска провениенција. Тоа ќе го доведе дури и Димитар Влахов во 1948 година на седница на Политбирото, кога говореше за постоењето на македонска нација, да рече дека во 1931- 32 година е направена грешка. Сите тие ветерани останаа само на нивото на политички, а не и на национален сепаратизам.“

„Сите велеа дека се Македонци, ама сите на тој поим му даваа поинаква содржина. Кои доаѓаа од Бугарија, тие сметаа дека треба да дојдат на чело и да ја водат Македонија, особено ветераните како Шатев и Влахов. Тие, практично, се чувствуваа како Бугари. ВМРО (Об.) не мрдна од обичниот политички македонски сепаратизам.“

Извор: Оригинален извор на интервјуто е веќе архивираниот сајт на списание ФОРУМ

Автор: Иван Катарџиев, роден во 1926 година во селото Плоски-Сандански Плоски, историчар и општественик од Република Македонија, академик на Македонската академија на науките и уметностите. Во Македонија тој се смета за „веројатно најдобриот познавач на збиднувањата од крајот на минатиот и од првата половина од овој век и за експерт за прашањата врзани со ВМРО“. Комисијата за лустрација во 2014 година го прогласи академикот Иван Катарџиев за соработник на службите.

За да го прочитате интервјуто кликнете ТУКА

Извор: Библиотека Струмски

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO