Од денеска се враќаат на работа родителите на деца до шест години, лицата кои користат продолжено породилно отсуство и дел од хронично болните лица, соопшти РСЕ. Владата ја донесе оваа одлука пред две недели, откако се отворија градинките и дневните центри за ран детски развој и се утврдија речиси сите протоколи за функционирање во сите сфери, со цел граѓаните да се заштитат од пандемијата од Ковид-19.

Одлуката на Владата за враќање на родителите на нивните работни места наиде на реакции кај дел од засегнатите, па по тој повод во неколку наврати родителите организираа и протести. Велат, дел од децата не се запишани во градинка, каде и нема слободни места, нема кој да ги чува и немаат доволно средства да платат негувателки.Од Владата, пак, нагласуваат дека е обезбедена целосна грижа за децата во градинките и нелогично и беспредметно е родителите да не одат на работа.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска синоќа повтори дека Владата останува на ставот оти родителите треба да се вратат на работа. Таа истакна дека Протоколите јасно ги дефинираат условите во градинката, однесувањето на вработените во градинката, бројот на деца што се згрижени почнувајќи од 0-2 години, како и поголемите групи деца.

Во однос на враќањето на работа на хронично болните лица, министерот за здравство Венко Филипче изјави дека мерките се добро проценети и анализирани пред да се имплементираат.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO