Двајца Бугари ги пленат француските музички фенови со рап хит посветен на младата sвезда на ʺпетлите“ и ПСЖ Килијан Мбапе.

Песната веќе има близу 10 милион прегледи. Исполнувач е FYRE, а другиот автор е Vitezz. Двајцата се од Софија и се на 22 годишна возраст. Додека зад псевдонимот FYRE не е јасно кој се крие, Vitezz се вика Александар Александров.

Тие се запознаваат во училиште. Пред француското издание „SoFoot“ FYRE открива дека тој е навивач на ЦСКА и бил дел од ултрас групаta, додека Vitezz е меѓу екстремните поддржувачи на Левски. Сепак, ова не ги спречува да бидат први пријатели во моментот.

Како деца, двајцата тренираа фудбал, а дедото на Vitezz бил фудбалер. FYRE признава дека моментално се занимава со борбени спортови, активен спортист на Муај Таи и има освоено две медали.

Кога е направено видеото за песната ʺКилијан Мбапе“, двајцата се поврзуваат со неколку навивачки групи на ПСЖ. Големиот пробив доаѓа скоро потоа кога познат блогер меѓу феновите на парижаните со псевдоним Паулета ја објавува песната на својата страница.

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO