Во изминатото деноноќие вчера се регистрирани 178 нови случаи на коронавирус во Р С Македонија, а четворица луѓе починале. Направени биле 1368 тестирања, информира Министерството за здравство.

Најмногу нови случаи има во Скопје 42, потоа следуваат Куманово со 19, Кочани 17, Прилеп 16, Тетово 14, Струмица 13, Гостивар 11, Кичево 8, Струга и Велес по 5, Битола и Гевгелија по 4, Охрид и Валандово по 3, Крива Паланка, Радовиш, Пробиштип и Делчево по 2 и по еден нов случај е регистриран во Дебар, Штип, Кавадарци, Македонски Брод, Виница и во Свети Николе.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 71 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 175.465 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 16735, бројката на оздравени пациенти е 13863, на починати е 693, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2179.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO