Фото: Роjтерс

Спасувачките екипи ја пронајдоа третата жртва од бурата во областа на грчкиот град Кардица. При рушење на кров, затрупан е 62-годишен маж.

Грчката влада се ангажира за брзо санирање на штетите и обезбедување отштета на жртвите.

Циклонот Јанош мина над островот Крит во последните часови. Зад себе остави поплави, надојдени реки, однесени покриви, прекинати патишта.

Според метеоролозите, веќе бурата постепено слабее. На островот Крит има голема материјални штети, но нема жртви. Со проблеми со напојувањето со електрична енергија е дел од островот.

Заменик министерот за цивилна заштита, Никос Хардалиас, денес од островот Кефалонија соопшти дека владата финансира програма за санирање на штетите од циклонот.

На прво место, ќе се санира разрушувањата на патната инфраструктура. По констатирање на загубите, жителите на погодените области ќе добијат обезштетување.

Продолжува потрагата по лица кои се водат како исчезнати од вчера.

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO