Историјата вели дека треба постојано да се сообразуваме со времето и да го користиме во полза на благосостојбата на луѓето. Вселенската патријаршија е пример за тоа како може да се остане доследен на вредностите, а истовремено да се биде динамичен во соочувањето со тековните предизвици, истакна претседателот Стево Пендаровски во писмото кое го упати до Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх, Вартоломеј, по повод почетокот на Новата црковна година.

Како претседател го информира Вартоломеј дека како држава, изминативе три години, „решивме да го искористиме времето во наша полза и да ги оставиме зад нас историските несогласувања“.

ʺВи се обраќам во името на голем дел од моите сограѓани коишто се идентификуваат како православни христијани и чија единствена желба и потреба е да се смират со своите ближни и да се упатат кон заедничката иднина, кон соживотот и кон вистинската слобода. Во оваа насока би сакал да упатам барање до Вашата Сесветост да го уважи повикот на нашиот благочестив народ и на нашата Црква да го употребите своето апелационо право, со што нашите граѓани од православна христијанска вероисповед, конечно, ќе ја добијат можноста да бидат еднакви со сите останати православни христијани во светотʺ, напиша шефот на државата.

ʺВи посакувам здравје среде големата неизвесност со здравствената криза што го зафати целиот светʺ, додаде тој во писмото.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO