Фото: Роjтерс

Поворка од десетици илјади демонстранти во Минск се придвижи по авенијата ʺПобедителиʺ кон резиденцијата на претседателот Александар Лукашенко во северозападниот дел на белоруската престолнина, пренесоа ТАСС и АФП.

Досега, органите за спроведување на редот не ја попречуваа колоната, но присуството на полицијата е зголемено во центарот на градот. Околу улицата, каде што демонстрантите против реизборот на Лукашенко веќе маршираат секоја недела, се поставени заградувачки напаѓачки возила ʺРубежʺ и водени орудија.

Уште од утрото, безбедносните сили се обидоа да ги спречат луѓето да се соберат со притворање на некои од нив по случаен принцип. Брзината на мобилниот интернет е намалена во градот по наредба на државните органи, појаснува ТАСС. Во центарот некои метро станици се затворени и се поставени под силно обезбедување скоро сите важни објекти во градот, затворени се делови од автопатите.

Униформирани мажи со маскирани лица апсат мирни демонстранти и ги набутуваат во затворски автомобили, соопштува ДПА. Полицијата ја обезбедува и резиденцијата на Лукашенко, каде 66-годишниот претседател двапати се појави вооружен со автоматска пушка Калашников за да спречи упад во зградата.

Над 10 лица се приведени за учество во неовластени митинзи, изјави портпаролот на белоруското Министерство за внатрешни работи Олга Чемоданова, цитирана од ТАСС,. ʺЛуѓето користат нерегистрирани симболи“, уточнува таа.

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO