Фото: Роjтерс

Циклонот Јанос зема една жртва во Грција. Цела ноќ пожарникарските екипи спасуваа луѓе од поплавени куќи. Возрастна жена почина во својот дом во областа Фарсала, поплавена од надојдена река. Се бараат уште две лица кои исчезнале во текот на ноќта, пренесува Цивилна заштита. Три лица се спасија, останувајувајќи повеќе од десет часа на високо дрво, за да не ги однесе однесе поројот.

Циклонот се насочува кон островите во Егејското Море. Активен е над областа Атика, со пороен дожд и силен ветер. Засегнат е и голем дел од Пелопонез.

Поплави, прекинати патишта, однесени покриви на згради – за тоа соопштуваат градоначалниците на погодените реони. Над 2.500 лица побарале помош од противпожарната служба. Со хеликоптер е спасено семејство со дете од поплавена куќа. Жителите на неколку села се евакуираа во цркви, кои се наоѓаат на повисоки места и не се засегнато од поплавите.

Во областа Кардица е забрането да се напуштаат домовите.

Возот Солун-Атина е запрен бидејќи дел од железничката линија е под вода.

Повторно, властите ги предупредуваат луѓето да не се приближуваат до морето или реките.

Без електрична енергија е дел од јужна Грција.

 

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO