Фото: Роjтерс

Британскиот премиер Борис Џонсон е под притисок да воведе уште построги ограничувања во борбата против коронавирусот по рекордниот пораст на случаите на заразени. Во истото време, во централен Лондон, полицијата се судира со противници на наложувањето на карантин.

Повеќе од 13,5 милиони Британци, или една петтина од населението, веќе се наоѓаат во реони со местни карантини. Поранешниот владин советник, професорот Нил Фергусон, утрово изјави дека итно се потребни нови мерки. Тој потсети дека кога властите за прв пат воведоа карантин низ целата земја во март, тие беа критикувани дека доцнат неколку недели и предупреди да не направат таква грешка.

Позицијата на Борис Џонсон е да се прибегне кон карантин низ целата земја само во краен случај, но бројките стануваат сè поалармантни и самиот премиер призна дека земјата е на работ на вториот бран на пандемијата.

Шкотскиот премиер Никола Старџен го повика премиерот да свика итен состанок на Комитетот за кризни цитуации ʺКобраʺ во рамките на следните 48 часа. Ограничувачките мерки меѓутоа очигледно се неприфатливи за некои Британци кои денес се собраа на лондонскиот плоштад ʺТрафалгарʺ да го изразат своето незадоволство.

Се стигна до судири, кога полицијата се обиде да апси. ʺОтпор и дејствија за слобода“ беше насловот на организаторите на протестот. Беа издигнати пароли како ʺКовид-19 – измама“ и ʺНе за задолжителната вакцина“.

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO