Опис: „Македонски правопис (Изработен од Комисијата за јазик и правопис при Министерството на народната просвета“, Скопје, 1945 г.

РЕШЕНИЕ

ʺЧл. 1 Македонскиот правопис, предложен од комисијата за јазик и правопис при Министерството на народната просвета, се приема како официален правопис. Истиот ќе се отпечати во засебни книшки, како издање на Министерството на народната просвета.

Чл. 2 Ова решение влегуе во сила со денот на објавуењето. Скопје, 7 VI 1945 год. – Министер на просветата Н. Минчев, с.р.

  1. – Во литературниот јазик влегуе замената а за ст. сл. ѫ: рака, пат, мака, тага, обрач итн. (таму каде што во некои наши говори имаме ръка, рока, рука и сл.)
  2. – Некогашното слоговно Л, денеска различно заменето во нашите говори, се установуе во литературниот јазик како ОЛ: солза, долг, волк, болва, полно, волна, јаболко, олцкам итн. Замена У имаме во: Бугарија, Бугарин, бугарски.
  3. – Самогласна функција носи и согласникот р: срце, дрво, крв, смрт, црвен, јатрва итн.
  4. – Апострофот ‘се употрубуе за ознака на призвукот што се јавуе пред слоговното Р во почетокот од зборот: ‘рга, ‘ржта, ‘Рлевци итн. Апострофот служи и за ознака на темниот вокал во диалектни форми и турски зборои како: В’чко, п’но, к’смет, с’клет итн. доколку тие, како локализми, би дошле во некој текст….ʺ

Извор: Скенирано од оригинален примерок

Автор: Никола Минчев (1915-1997) е југословенски комунистички партизан, политичар и учител од Социјалистичка Република Македонија. Роден е во семејството на долгогодишниот бугарски учител Борис Минчев. Избран е за член на Првиот заседание на АСНОМ.По војната е член на Централниот комитет и на Политбирото на Централниот комитет на КПМ, на Централниот комитет на СКЈ. Минчев е првиот министер за образование на Народна Република Македонија (од 1945 година), член на парламентите на Народна Република Македонија и СФРЈ.

За да ја прочитате книгата кликнете ТУКА

Извор: Библиотека Струмски

 

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO