Фото: Роjтерс

Рускиот опозиционер Алексеј Навални објави своја фотографија на Инстаграм на која се симнува по скали со раквици на рацете. Во публикацијата,тој напиша дека патот до неговото закрепнување е ʺчист, макар и долг“.

Навални раскажува, дека сè уште му е тешко да го користи својот телефон, да си налева вода во чашата или да се качува на скали, затоа што нозете му треперат.

Опозиционерот се онесвести минатиот месец за време на полет во Сибир и по краток престој во руска болница беше пренесен во болница во Берлин. Лабораториски тест во Германија откри дека тој бил отруен со нервниот агенс Новичок.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO