Претседателот Стево Пендаровски ќе учествува на 75-та сесија на Генералното Собрание на Обединетите Нации, која започна во вторникот, а поради пандемијата на ковид-19 годинава сесијата се одвива виртуелно, без физичко присуство на светските лидери во седиштето на Светската организација во Њујорк.

Пендаровски денеска преку видео-порака ќе се обрати на состанокот на високо ниво „SDG Moment 2020“, на кој е предвидено да биде разгледан напредокот на реализацијата на Целите за одржлив развој на Обединетите Нации на глобално и на регионално ниво, во контекст на пандемијата на КОВИД-19. Предвидено е на состанокот да се вклучат 20 шефови на држави и влади.

Пендаровски заедно со претседателот на Словенија, Борут Пахор е еден од двајцата шефови на држави и претставник на Источноевропската група кој ќе земе учество на овој висок состанок. В понеделник, на 21 септември, шефот на државата ќе се обрати по повод 75-годишнината од формирањето на Обединетите Нации Пендаровски на 23 септември преку видео-порака ќе се обрати на Генералната дебата.

Видео-пораката ќе биде емитувана во салата на Генералното Собрание на ОН, каде што ќе бидат присутни претставници на секоја од земјите-членки. Темата на 75. сесија на Генералното Собрание на ОН е „Иднината што ја сакаме, Обединетите Нации што ни требаат: Потврдување на нашата колективна посветеност на мултилатерализмот – соочување со ковид-19 преку ефективна мултилатерална акција“. Следниот ден, на 1 октомври, Пендаровски ќе се обрати на состанокот на високо ниво по повод 25-годишнината од Четвртата светска конференција за жените.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO