Фото: Роjтерс

Унгарската влада утре ќе реши дали да го продолжи мораториумот на кредитните плаќања за компаниите и домаќинствата, кој истекува на крајот на оваа година, соопшти денес пред државното радио премиерот Виктор Орбан, цитиран од Ројтерс.

Според Орбан, владата ʺќе реши дали да биде продолжен мораториумот и кои делови од него“. Има неколку варијанти, кажа премиерот.

Мораториумот на влоговите за заеми за сите компании и приватни корисници на кредити, воведен во март, беше една од клучните владини мерки за ублажување на економските последици од пандемијата од коронавирус.

Во вторникот, централната банка на Унгарија повика на насочено продолжување на мораториумот. Банката соопшти дека околу една третина од 60.000 унгарски компании кои имале корист од оваа мерка може да имаат проблеми доколку таа биде укината, а 10 проценти од кредитните корисници на мало, или околу 160.000 луѓе, би можеле да имаат потешкотии во плаќањето на ратите од јануари следната година без дополнителна помош.

Владата разговара со местните банки за можно продолжување на мораториумот, откако податоците за вториот квартал покажаа дека економијата на земјата се намалила со годишна стапка од 13,6 проценти – најсилен пад во Централна Европа.

 

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO