Фото: Роjтерс

Косово ќе го награди претседателот на САД Доналд Трамп со нивниот највисок орден за неговата улога во постигнувањето договор за нормализирање на економските односи меѓу Србија и Косово, пренесе Ројтерс.

Претседателот на Косово Хашим Тачи во писмо, видено од Ројтерс, го информира Трамп дека ќе добие ʺОрден на слободатаʺ. Двајца соработници на Трамп, советникот за национална безбедност Роберт О’Брајан и Ричард Гренел, претставник на САД за преговорите меѓу Србија и Косово, ќе добијат Претседателски медал за заслуги.

Како дел од договорот постигнат на почетокот на овој месец, Косово и Србија се согласија да работат на нивните економски врски, но разговорите за политичка нормализација остануваат во застој.

Во неговото писмо упатено до Трамп, во кое изразува ʺдлабока благодарност за вашиот личен придонес во постигнувањето на овој договор“, Тачи го кани американскиот претседател да го посети Косово.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO